На врвот на 230 метри високата карпа, која се издига над морето, со своите седум ката таа изгледа како чардак ни на небо ни на земја.
Манастирот на Симонпетар е еден од 20 „главни„ манастири и зазема 13 место во хиерархијата на манастирот Света гора. Истовремено е најоригинална и неимарски најсмело изведена монашка градба на Света Гора.
Сместена помеѓу Григоријатот, од кого е оддалечена саат време одење нагоре, колку и од сопственото пристаниште Дафни до кое е потребно дупло повеќе време. Симонпетра со својата импресивна положба и изглед секој посетител, било да е тој Грк или странец го освојува на прв поглед.
Го основал во 1257 година, преподобниот Симон. 1363 година е обновен благодарение на напорите на српскиот деспот Јован Угљеша.
Според преданието , анахоретот Симон одлучил да подигне манастир на една непристапна карпа каде му се укажала ѕвезда, како што мудреците од Исток ја видоа христовата ѕвезда и дојдоа да му се поклонат во витлеемската пештера. Оттаму првобитно е наречен Нов Витлеем.
Градбата ја започнал со парите од тројцата богати ученици кои во меѓувреме му се придружиле . Наднесени над страотната бездна неимарите од ден на ден имале се повеќе тешкотии и одлучиле да ја прекинат изградбата. Преподобниот му наложил на својот ученик Исаија пред да тргнат да ги понуди со храна и вино. Приоѓајќи им со послужавникот во рацете, ученикот се лизнал и паднал во бездната.Но при падот не само што останал неповреден туку не пролеал ни капка од виното. Градителите ова чудо го протолкувале како „знак на Божја волја„ манастирот да биде подигнат токму на тоа место и продолжиле со изградбата.
Претрпел бројни пожари(1570, 1622 и 1891 година) . Повеќе пати е обновуван . Од дамнина во манастирот е сместен образовниот центар на Света гора и единствена библиотека на грчки и латински ракописи.
Моментално, манастирот има 4 цркви, и уште 8 вон нејзината територија. Главниот храм на манастирот е храмот на Рождеството Христово изграден 1600 година, а обновен веднаш после пожарот 1891 година.
Бројот на монаси и искушеници кој се наоѓа на Света гора моментално брои од 80 до 90 луѓе. Вон Света Гора во метохијата и поседите на манастирите има околу 40 луѓе. Значи, вкупниот број на братството на манастирот на Света гора и вон неа брои околу 120-130 монаси.
Хорот на манастирот Симонпетар е познат ширум светот.
Манастирот од 1988 година, заедно со останатите деветнаесет светогорски манастири, се наоѓа на УНЕСКО-вата листа на светско културно наследство во склоп на споменикот од среден век обединети под заштитената целина на планината Атос.
Меѓу бројните мошти кои манастирот ги чува се наоѓа раката на Марија Магдалена(нетрулежна и после 2000 години), Честички од животворниот крст, Моштите на преподобниот Евдокија, Дел од моштите на великомаченичката Варавара.
Денес Симонпетра е една од најнапредните светогорски семејства, позната и како силен интелектуален центар, многу привлечна за монасите кои доаѓаат од Франција.
С.В.