Манчестер Јунајтед активира откупна клаузула за шпански репрезентативец

од Vladimir Zorba
281 прегледи

Манчестер Јунајтед планира да го врати во Англија играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, Микел Мерино, пренесува COPE. 27-годишниот играч од средниот ред имаше краток престој во Њукасл во сезоната 2017/18, откако се приклучи на позајмица од Борусија Дортмунд.

Мерино, кој забележа 25 настапи во Премиер лигата и постигна еден гол, не успеа да заработи постојан договор.

Сега се пишува дека покрај Манчестер Јунајтед, градските ривали Сити, Јувентус и Атлетико Мадрид будно ги следат и перформансите на Шпанецот.

Мерино има ослободителна клаузула од 60 милиони евра, но Сосиедад е свесен дека неговата цена би можела значително да падне бидејќи ќе влезе во последните 12 месеци од договорот во лето.

Слични содржини