Бразилскиот фудбалер Касемиро летово би можел да го напушти Манчестер Јунајтед, а за него веќе има заинтересирани клубови, особено од Саудиска Арабија.
Во претходната година и половина голем број играчи се преселија во Саудиската Про лига. Кога Бразилците се на потег, има имиња како Нејмар, Фабињо, Талиска, Лоди, Малком, а наскоро би можеле да им се придружи и Касемиро. За него постои интерес од Ал Ахли и Ал Наср кои би требало да издвојат 30 милиони фунти (35 милиони евра) за него.
Кога е во прашање клубот од „Олд Трафорд“, заминувањето на Каземиро значително би им помогнало кога е во прашање буџетот за плати на играчите. Бразилецот моментално заработува 350.000 фунти неделно, што е огромна сума на пари за играч кој дефинитивно не дава задоволителни игри.
Во претходниот период често беше мета на критики за своите изданија, додека Џејми Карагер дури изјави: „Треба да го напуштите фудбалот пред тој да ве напушти, а Касемиро го фудбалот го напушти“.
Тоа е исклучително лоша сезона која ги загрижува челниците на Ал Наср. Клубот за кој настапува Кристијано Роналдо има план да атакува на титулата во следната сезона бидејќи годинава веќе беа поразени во таа трка од Ал Хилал.