Манчестер Јунајтед заедно со првиот тренер Ралф Рангник имаат голема желба во своите редови да го доведат Ерлинг Халанд.
Норвежанецот долго време беше желба на многу европски великани, а луѓето од Јунајтед го забележаа неговиот потенцијал уште во Салцбург.
Тогаш оружјето на „црвените ѓаволи“ требаше да биде Оле Гунар Солскјер, кој соработуваше со норвешкиот напаѓач во Молде. Халанд сепак ја избра Борусија, што не се покажа како лош потег.
Сега ситуацијата е поинаква. Рангник неодамна разговараше со таткото на Халанд, Алфи за потенцијална промена на средината на неговиот син. Во летото следната година за Халанд ќе се активира фиксна откупна клаузула во износ од 75.000.000, што е повеќе од прифатлива цена за најголемите европски клубови.
„Ерлинг Халанд е фантастичен напаѓач. Тоа најдобро го знам бидејќи учествував во неговиот трансфер од Молде со мојот пријател Кристоф и уште некои луѓе од Салцбург“, изјави неодамна тренерот на Манчестер Јунајтед.
Друга пречка за доведување на напаѓачот во Јунајтед ќе биде односот на клубот со агентот Мина Рајола, кој е посочен како главен виновник за норвешкото засилување на Борусија, а не „црвените ѓаволи“ кога го напушти Салцбург.
Не треба да се заборави дека Рајола е агент и на Пол Погба, чија судбина во Јунајтед се уште не е позната, а договорот му истекува следното лето.
Рајола неодамна зборуваше кои клубови се конкурентни за доведување на Халанд, а меѓу нив го немаше Манчестер Јунајтед.
„Сити освои пет титули во последните неколку години, што е значително повеќе од Јунајтед. Може ли Ерилинг да ја чека Барселона? Секако дека може. Ги разгледуваме сите опции и што е најдобро за играчот и не ја исклучувам опцијата да остане во Дортмунд“, изјави Мино.
Тој ги спомена и Реал Мадрид и Манчестер Сити кои досега избегнуваа соработка со играчите на Раила. Баерн не го сака Ерлинг, бидејќи го има Роберт Левандовски, кој и покрај шпекулациите очигледно не сака да го напушти клубот.
Друг важен услов што мора да го исполнат „црвените ѓаволи“ е пласманот во Лигата на шампионите следната сезона. Моментално се шести во Премиер лигата, додека во нокаут фазата од Лигата на шампионите ќе играат против Атлетико Мадрид.
По потенцијалното доаѓање на Норвежанецот најверојатно ќе следуваат заминувања на Единсон Кавани, Ентони Марсијал, Хуан Мата и Џеси Лингард.
Кавани е најблиску до Барселона, Марсијал изрази желба да се пресели во Севиља, Лингард е незадоволен од минутажата, па речиси сигурно е дека ќе бара нов ангажман, а Мата е веќе во подоцните фудбалски години и е непознато каде и дали ќе ја продолжи кариерата.