Манчестер Јунајтед испрати втора понуда за Доргу

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Втората понуда на Манчестер Јунајтед до Лече за Патрик Доргу е факт. Според „Атлетик“ таа е во износ од 30 милиони евра, додека Фабрицио Романо тврди дека ја надминува оваа сума, иако не споменува за колку точно.

Претходната понуда која италијанскиот клуб ја одби пред два дена беше 27 милиони евра. Се вели дека Лече го цени 20-годишниот Данец на 40 милиони евра, па голема е веројатноста ниту оваа понуда да не биде прифатена.

Сепак, од „Олд Трафорд“ се решени да го доведат трансферот до успешна завршница. Се претпоставува дека двата клуба ќе се договорат за компромисот од 35 милиони евра.

Самиот Доргу пред два дена се согласи да се пресели во Манчестер Јунајтед.

20-кратниот англиски шампион сигурно планира да доведе нов лев бек, кој може да игра и како крило, во преостанатите денови до затворањето на јануарскиот преоден рок.

Останатите две опции се Милош Керкес од Бурнмаут и Нуно Мендеш од Пари Сен Жермен, но фокусот моментално е на Доргу.

Слични содржини