Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, стигна до бројката од 100 натпревари во неделата во поразот од Манчестер Сити со 3-1 во градското дерби.
Холанѓанецот во последно време трпи многу критики поради настапот на тимот, но и статистиката и бројките од севкупниот настап со „црвените ѓаволи“ даваат поинаков поглед на она што се случува.
Излегува дека статистички Тен Хаг продолжува да одржува највисок процент на успеси на чело на тимот од „Олд Трафорд“, а потоа следуваат Сер Алекс Фергусон и Жозе Мурињо. Еден од неговите претходници, Оле Гунар Солскјаер е четврти во рангирањето.
И покрај поддршката од статистиката, „црвените ѓаволи“ продолжуваат со колебливите игри и, се чини, сè потешко е да се разликува стилот што треба да се практикува. Вчера повторно се појавија разни шпекулации дека дел од фудбалерите во тимот уште еднаш изразиле незадоволство од напорните тренинзи. Тие се наведени како една од причините за многуте повреди. Само од почетокот на сезоната, играчите на Манчестер Јунајтед забележале 47 различни повреди поради кои пропуштиле барем еден натпревар.
Се зголемуваат шпекулациите за можна разделба со Тен Хаг по крајот на сезоната, а како фаворити за негова замена се посочуваат Греам Потер и Роберто Де Зерби од Брајтон.