Португалскиот стручњак и нов шеф на стручниот штаб на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, јасно стави до знаење дека сака што поскоро да се ослободи од најголемата ѕвезда на „црвените ѓаволи“ Маркус Рашфорд (27).
Англискиот напаѓач неодамна беше поврзуван со неколку големи клубови, главно Барселона и ПСЖ, но не сака да замине во странство и се чини дека ниту еден од тие клубови нема да биде негова следна дестинација.
Според последните информации кои доаѓаат од Островот, Рашфорд би можел да остане во Премиер лигата и да ја продолжи кариерата во Њукасл Јунајтед. Клубот од „Сент Џејмс Парк“ предводен од тренерот Еди Хау е сериозно заинтересиран за искусниот напаѓач и е подготвен да му плати на Манчестер Јунајтед отштета во висина од 50 милиони евра.
Нема сомнеж дека би било исклучително интересно да се види Рашфорд во дресот на „страчките“, а токму во Њукасл би можел да најде можност за нов почеток и заживување на кариерата.
Рубен Аморим му покажа на Маркус Рашфорд да не смета повеќе на него бидејќи тој воопшто не беше во составот за неделното градско дерби во кое Јунајтед го победи омразениот Сити со 2:1.
Аморим реши да не смета на Рашфорд и изјави дека во составот се само играчи кои покажале голема желба и мотивација на тренинзите. Тоа очигледно не беше случај со Рашфорд, па се поизвеснa е разделбата во јануари.
Продажбата на Рашфорд ќе му обезбеди на Јунајтед финансиска флексибилност и можност да донесе нови играчи кои одговараат на визијата на Аморим, како што е младата шведска суперѕвезда Виктор Ѓекереш.
Заминувањето на Рашфорд би ослободило повеќе од милион и пол евра месечно, колку што изнесува неговиот договор (околу 380.000 евра неделно), а тоа се пари за кои веќе зимава би можеле да „слетаат“ неопходните засилувања на „Олд Трафорд“.