Манчестер Јунајтед го победи со 2:1 Ливерпул на „Олд Трафорд“ во дерби бр.200 меѓу големите ривали во англискиот фудбал.
Маркус Рашфорд (14`, 24`) ги казни грешките на дефанзивците на Ливерпул во првиот дел и постигна два идентични гола, со кои даде комфорна предност на „црвените ѓаволи“.
По паузата гостите доминираа и успеаја да се вратат во натпреварот по автогол на Ерик Баји (66`).
Притисокот на Ливерпул до крајот не доведе сепак до уште еден погодок и така Манчестер Јунајтед ја освои битката за второто место, откако избега пет поени пред денешниот ривал. Во второто полувреме гостите имаа претензии за пенал во две-три ситуации, но Крег Поусон не најде причина да досуди таков.
Жозе Мурињо не можеше да смета на Пол Погба, кој добил повреда за време на вчерашниот тренинг на тимот. Ерик Баји, Хуан Мата и Маркус Рашфорд се вратија меѓу стартерите.
Џеси Лингард и Виктор Линделоф останаа на клупата за почетокот.