Манчестер Јунајтед ќе направи се за да го врати Хари Кејн во Англија?

од Vladimir Zorba
209 прегледи

Манчестер Јунајтед ќе бара нов напаѓач на летниот пазар, а Дин Џонс од GiveMeSport откри дека „црвените ѓаволи“ ќе направат се што можат за да го доведат во клубот Хари Кејн од Баерн Минхен доколку е можно.

Јунајтед потпиша со Расмус Хојлунд минатата година, но тешко е да се исклучи можноста Кејн да биде привлечен на Олд Трафорд. Англискиот репрезентативец несомнено е еден од најдобрите напаѓачи во Европа и би помогнал да се трансформира клубот од Манчестер доколку успеат да го убедат да се врати на Островот.

Сепак, Баерн тешко дека ќе го пушти Кејн да си замине со оглед на неговата важност за Баварците. Но извештаите сугерираат дека тој би бил отворен за враќање во Премиер лигата на лето. 30-годишниот напаѓач минатото лето се пресели на „Алијанц Арена“ со надеж дека ќе освои некои големи трофеи со германскиот гигант, но тимот на Томас Тухел моментално заостанува десет бода зад Баер Леверкузен во трката за титулата во Бундеслигата.

Кејн долго време беше поврзуван со Манчестер Јунајтед, а пред неговата преселба во Баерн се веруваше дека е цел бр.1 на менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг. На „Олд Трафорд“ имаат верба во младиот Хојлунд, кој сепак е на почетокот на кариерата и се уште учи и се развива, па поради оваа причина Јунајтед сака да има докажан фудбалер на оваа позиција.

Слични содржини