Манчестер Јунајтед оствари контакт со Чави

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Поранешниот тренер на Барселона, Чави Ернандез е последното име кое се поврзува со менаџерската позиција во Манчестер Јунајтед, ексклузивно пишува „Дејли мејл“.

Според изданието, „црвените ѓаволи“ веќе разговарале со 44-годишниот шпански тренер. Четиричлена делегација предводена од извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Омар Берада, минатиот четврток отпатувала во Барселона за да разговара со Чави, тврди изданието.

Ова е втор контакт со шпанскиот стручњак во последните неколку месеци.

Чави Ернандез ја напушти Барселона на крајот од минатата сезона по голем број пресврти и по јавна расправија со претседателот на клубот Жоан Лапорта. Тој самиот објасни дека нема интерес во оваа фаза да се врати во шпанскиот фудбал и е отворен за нови предизвици.

Иднината на менаџерот Ерик тен Хаг е предмет на континуирани шпекулации поради лошите перформанси на „црвените ѓаволи“ од почетокот на сезоната. Томас Тухел, кој на крајот стана селектор на Англија, поранешниот тренер на „Трите лава“, Герет Саутгејт и Греам Потер, беа посочувани како можни замени во последните месеци.

Менаџерот на Брентфорд, Томас Франк, поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ, сегашниот помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, Руд ван Нистелрој и Рубен Аморим, кој е на чело на Спортинг Лисабон, сепак се смета дека се поактуелни опции во моментов.

Слични содржини