204
Манчестер Јунајтед ја забележа втората последователна претсезонска победа со победата од 4-1 над Мелбурн Виктори и по вторпат постигна четири гола, како што тоа го направи против Ливерпул пред само неколку дена.
Фудбалерите на Ерик тен Хаг постигнуваа по два гола во секое полувреме, а прецизни беа Скот Мектомини (43′), Ентони Марсијал (45′), Маркус Рашфорд (78′) и автоголот на Лупанку во последната минута.
Следниот натпревар на Манчестер Јунајтед на австралиско тло е против Кристал Палас во вторник.