Манчестер Јунајтед потпиша договор со бразилски напаѓач

од Vladimir Zorba
35 прегледи

Напаѓачот на Вулверхемптон, Матеус Куња (25), кој беше на радарот на неколку англиски гиганти, ќе му се придружи на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок, објавија британските медиуми.

Договорот на бразилскиот интернационалец со „Волците“ не истекува до јуни 2029 година, а откупната клаузула е 74 милиони евра. Тој постигна 17 гола во сите натпреварувања оваа сезона и додаде шест асистенции.

Матеус Куња пристигна во Вулверхемптон од Атлетико Мадрид во јануари 2023 година на шестмесечна позајмица, а потоа англискиот клуб го откупи неговиот договор во јули истата година за 50 милиони евра.

Манчестер Јунајтед е во преговори и со Ипсвич, кој испадна во втората лига. „Црвените ѓаволи“ сакаат да го доведат напаѓачот Лиам Делап (22), кој оваа сезона постигна 12 гола и имаше две асистенции.

Клубот од „Олд Трафорд“ не е единствениот што сака да го доведе Делап, бидејќи истото го планира и лондонски Арсенал. Договорот на Делап е со важност до јуни 2029 година, а клаузулата изнесува 35 милиони евра.

Слични содржини