Одвреме-навреме ѕвони телефонот во Бергамо и кој е, што е – повторно некој од Манчестер Јунајтед.
Околу една и пол година откако платија 74 милиони евра за Расмус Хојлунд, челниците на „Олд Трафорд“ повторно стапија во контакт со Аталанта прашувајќи за новиот хит напаѓач во Серија А.
Станува збор за аргентинско-италијанскиот фудбалер Матео Ретеги (25), момче кое минатото лето пристигна во Бергамо од Џенова за 28 милиони евра и… потценување е да се каже дека тоа веќе се исплатеше. Ретеги постигна 20 гола на 22 натпревари во Серија А и уште три во Лигата на шампионите – доволно да стане тема во островските медиуми кои пишуваат дека за него не е заинтересиран само Јунајтед, туку и Арсенал.
Ретеги е роден во Сан Фернандо, започна во Ривер Плата, потоа се пресели во Бока Јуниорс, а во меѓувреме донесе одлука да игра за Италија – од каде што е и по потекло.