Манчестер Јунајтед сака целосно да го обнови договорот со Мегваер

од Vladimir Zorba
35 прегледи

Манчестер Јунајтед одби да ја активира клаузулата за дополнителна сезона во договорот на Хари Мегваер, објави локалниот печат. Причината за ова е што „Олд Трафорд“ немаат желба уште една сезона да му ја исплатат сериозната плата на дефанзивецот од 190 илјади фунти неделно.

Сепак, двете страни се уште се во преговори за нов договор, кој евентуално ќе биде под нови услови и со нов неделен надомест.

Хари Мегваер моментално има 31 година, но во март ќе наполни 32 години. Тој е дел од Манчестер Јунајтед од летото 2019 година, кога за него платија 80 милиони фунти.

На Островот додаваат дека понудата од „црвените ѓаволи“ најверојатно ќе биде за две сезони плус опција за дополнителна сезона, но со сериозно намалување на неговата плата. Таква е желбата на новиот тренер на тимот, Рубен Аморим, кој централниот дефанзивец го гледа како одлична опција за центарот на својата одбрана во новата формација од тројца во центарот на одбраната.

Слични содржини