Манчестер Јунајтед се вклучи во борбата за Кристијан Ериксен

од Aleksandar Petrovski
313 прегледи

Манчестер јунајтед се вклучи во борбата за привлекување на Кристијан Ериксен од Тотенхем преку зимскиот преоден рок, пренесува локалниот печат.

Од „Олд Трафорд“ понудиле 20 милиони фунти за правата на 27-годишниот дански репрезентативец. Причината за намалената понуда е што договорот на играчот од средниот ред истекува во текот на летото и тој не сака да го обнови во оваа фаза бидејќи сака да ги напушти „петлите“.

Доколку Тотенхем не го продаде Ериксен во јануари, скоро е сигурно дека Данецот ќе замине како слободен агент без трансфер сума во јуни. За играчот од средниот ред се заинтересирани и Јувентус и Реал Мадрид.

Шпанците беа подготвени да го привлечат играчот од средниот ред пред почетокот на сезоната, но Тотенхем побара 70 милиони евра, а тоа се покажа како неприфатливо за клубот од страна на „Сантијаго Бернабеу“.

Ериксен одигра 20 натпревари за Тотенхем оваа есен со 2 гола и 3 асистенции.

Слични содржини