Манчестер Јунајтед се враќа на тренинзите

од Vladimir Zorba
291 прегледи

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во среда треба да ги продолжат тренинзите во спортскиот центар Карингтон.

Манчестер Јунајтед во понеделникот го затвори делот од тренинг центарот што го користеше првиот тим, кога беа откриени голем број позитивни случаи на коронавирус. Според тоа, натпреварот со Брентфорд беше откажан во вторник.

Избраниците на Ралф Рангник повторно се тестирани и играчите со негативен резултат ќе можат да продолжат со тренинзите во среда.

Следниот натпревар Манчестер Јунајтед го игра против Брајтон во недела.

Откако во мај минатата година започна масовното тестирање во Премиер лигата, сето тоа како дел од враќањето на терените и враќањето на натпреварите во „Рестарт проектот“, никогаш не се случило, како минатата недела, 42 наоди да бидат позитивни.

Позитивни случаи има во Брајтон, Тотенхем, Астон Вила и Норич, а веќе е откажан дуелот Брајтон – Тотенхем. Слични проблеми имаат и екипите во првенството.

Новите правила за коронавирус беа воведени во Англија на 9 декември, се со намера да се забави ширењето на „омикрон“ варијантата.

Носењето маски и држењето на растојание се само дел од мерките што се очекува да ги почитуваат клубовите од Премиер лигата.

Слични содржини