Манчестер Јунајтед размислува за нова опција за засилување на нападот следната сезона. Според информациите на новинарот на Sky Sports, Патрик Бергер, клубот е заинтересиран за напаѓачот на Баер Леверкузен, Патрик Шик.
Иако „црвените ѓаволи“ претпочитаат да привлечат помлад играч за предните позиции, одличните перформанси на Шик во текот на целата кампања го привлекоа вниманието на менаџерот Рубен Аморим, кој го додаде на листата на потенцијални нови засилувања.
29-годишниот чешки репрезентативец изрази силна желба да се приклучи на клуб од Премиер лигата, иако има и конкретни понуди од клубови од Саудиска Арабија. Леверкузен е подготвен да се раздели со напаѓачот за сума од 25 до 30 милиони евра.
Шик ја започна својата кариера во Спарта Прага, а потоа премина во Бохемиaнс, Сампдорија, Рома и РБ Лајпциг. Тој е дел од тимот на Баер од 2020. Сезонава има 17 голови на 26 натпревари во Бундеслигата.