Манчестер Јунајтед направи список од четворица кандидати за нов менаџер доколку се раздели со Ерик Тен Хаг, пренесуваат медиумите на Островот.
Маурисио Покетино, кој го напушти Челsи оваа недела, ја предводи листата на која се уште Томас Тухел, Киеран Мекена и Томас Франк.
Јунајтед тврди дека не е донесена одлука за иднината на Тен Хsг и дека саботното финале во ФА Купот против Манчестер Сити нема да го одреди нивниот начин на дејствување.
Сепак, клубот беше принуден да ги забрза своите планови откако Покетино стана слободен играч и разговараno e со претставниците на Аргентинецот оваа недела, според извори блиски до Аргентинецот.
Тухел го напушта Баерн Минхен и е заинтересиран за враќање во Премиер лигата. Киран Мекена не се очекува да потпише нов договор со дебитантот од Ипсвич, а за него се заинтересирани и Брајтон и Челси.
Томас Френк е на чело на Брентфорд од 2018 година.