Манчестер Сити повторно на суд ја победи Премиер лигата. Овој случај нема никаква врска со таканареченото „Судење на векот“, каде на „граѓаните“ им се суди за 130 финансиски прекршоци, по обвинение покренато исто така од Премиер лигата.
Според „Тајмс“, станува збор за познатиот APT (Associated Party Transactions), норма која требаше да ги спречи клубовите како Манчестер Сити или Њукасл да профитираат од спонзорски договори поврзани со нивните сопственици.
Новите регулативи за спонзорство беа договорени на почетокот на 2014 година од минимум 14 клубови – две третини од гласачите – и се дизајнирани да ја одржат конкурентна Премиер лигата.
На почетокот на октомври, независна комисија пресуди дека Премиер лигата незаконски ги блокирала спонзорските договори. Ричард Мастерс, извршен директор на Премиер лигата, тврдеше дека судот ефективно ги „потврдил“ правилата на APT и нашол само „одредени елементи што треба да се изменат“.
Во меѓувреме, судот повторно пресуди во корист на Манчестер Сити, кој го обвини премиерлигашот дека ги „мами“ другите клубови. Оваа одлука би можела да има сериозни последици за Премиер лигата, која би можела да биде принудена да ги покрие сите трошоци за судењето – околу 24 милиони евра.
Дополнително, „граѓаните“ би можеле да бараат милионска отштета од Премиер лигата.
Манчестер Сити моментално е на петтото место во Премиер лигата со 12 победи, пет нерешени и седум порази.