Манчевска: Се случува девалвација и опаѓање на моралните вредности, граѓаните ги прифаќаат работите здраво за готово

Психологот за „Локално“ вели дека е важно да се направи глобална анализа и стратегија за едукација и промоција на општите вредности

од Бисера Трајковска
8 прегледи Фото: Фејсбук

Се движиме во насока да бидеме повеќе егоцентрични, а помалку емпатични, и тоа е нешто што во голем степен влијае на целокупните случувања, вели за „Локално“ психологот Радмила Манчевска, во контекст на тоа дали личниот бенефит на македонските гласачи е поважен од општото добро за целата држава.

Таа е на ставот дека се случува девалвација и опаѓање на морални вредности и на некој начин граѓаните се навикнуваат да ги прифаќаат работите здраво за готово. 

Како што посочува, станува нормално секој да се грижи најпрвин за себе и да си ги вработи своите најблиски, оценува Манчевска.

Според психологот, важно е да се направи глобална анализа и соодветна стратегија, каде што ќе бидат вклучени повеќе институции, со цел едукација на населението и промоција на општите вредности.

Б.Т.

Слични содржини