Манчевски изоставил документ со кој ќе се направи финансиска анализа за буџетирањето на ‘Мајки’?

од Vladimir Zorba
429 прегледи

Директорот на Агенцијата за филм, Дејан Лазаревски негира дека откако тој е директор било која институција му побарала документација за истрага за филмови врзани со режисерот Милчо Манчевски и други режисери. Ова следува откако претседателката на Антикорупциската комисија изјави дека се чека извештај од Државниот завод за ревизија во врска со исплати од Филмскиот фонд.

-Откако јас сум именуван како директор на Агенцијата за филм, до институцијата нема доставено било какво барање за податоци или спроведени постапки во однос на доделување на поддршката и трошењето на средствата поврзани со горенаведените проекти или во врска со наведениот автор, вели Лазаревски.

Прашањето се покрена по објавата на Цивил медиа „Банана продукција, Милкман Продакшн и Милчо Манчевски – гаранција за успех на филм или тезга за големи пари?. Спорно е што финансискиот извештај за „Мајки“ не е затворен, а тогашната Влада на Никола Груевски „изразила поддршка за филмскиот проект“ со дополнителни средства, пред воопшто и да се донесе официјална одлука за финансирање на филмскиот проект од страна на Филмскиот фонд. „Мајки“ од Филмскиот фонд добива 55.800.000 денари/ 907.317 евра.

Исто така, и средствата се исплатени пред донесување на Одлуката (не е запазена соодветно законската процедура, а произлегува од притисоците кои вообичаено ги врши продуцентот).

9.000.000 денари уплатени на 05.08.2009 година

9.000.000 денари на 08.08.2009 година и

5.000.000 денари на 11.08.2009 година на денот кога е донесена Одлуката

Согласно извештајот на Филмскиот фонд изготвен на 16.04.2013 година, во својот наративен извештај продуцентот истакнува дека за промоција на филмот воопшто не добил средства и дека самиот ги обезбедил, што не кореспондира со фактичката состојба и документите.

Од Агенцијатa за филм потврдуваат дека  за проектот „Мајки“ од страна на продуцентот Милчо Манчевски евидентно според документацијата во досието за реализацијата на проекот, бил доставен финансиски извештај за кој е извршен увид во доставената документација и според извршениот увид од страна на службениците во Агенцијата за филм (тогаш Филмски фонд) до продуцентот доставено е барање за достава на документација која во првичниот извештај недостасувала, со цел да се направи релевантна финанисиска анализа.

Линк до целиот текст на „Цивил Медиа“.

Слични содржини