Манчевски: Јавно се гледаат вработувањата, порано тоа беше забрането

од Aleksandar Todeski

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски истакна дека според законот, сите договори на определено време во јавниот сектор истекуваат на 31 декмври и дека затоа има нови бранови на вработувања.

„За разлика од порано, сега може да видите јавно кој се вратува. Порано, тоа беше забрането. Забрануваме вработување во јавната администрација привремени вработувања преку агенции. Веќе нема да може секој сектор да прави што сака“, рече Манчевски.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска – Стојковски го праша министерот зошто таа не добила листа од новите вработени во јавната администрација, на што тој и повтори дека истите се јавно објавени.

 

Слични содржини