Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, вечерва порача дека апликацијата е целосно подготвена и дека има дел од граѓаните кои што не можат да се сетат со кого биле се биле во контакт во изминатите 14 дена, но има и дел кои не сакаат да кажат со кого се сретнале периодот.
Тој и порача дека сите во општетвото вклучувајќи ги и поглаварите на црквите и верските заедници мора да бидат одговорни во моментите кога се води тешка битка во спречување на ширењето на коронавирусот.
„Јас сум атеист. По 1.500 години прв пат немаме аџилак во Мека, Папата – врховниот свештеник на римокатоличката црква ќе држи велигденската миса без присуство на верници. Мора сите да однесуваме совесно и одговорно“, рече Манчевски, по изјавата на Реџепи дека „ако Владата не ни помогне, ќе ја укинеме забрана за посета на џамиите“.
„Битно е да ја гледаме целата приказна како да ги информираме граѓаните да не бидат предмет на лажни вести. Мислам дека кредибилитетот што го изградија пред се здравствените власти на чело со министерот Венко Филипче и довербата што ја имаат кај граѓаните отсликува на тоа дека се водиме по експертски анализи и согласно интересите на граѓаните, изјави министерот по големиот број на лажни вести во последниот период и додаде дека ширењето на вистината секогаш бил најдобар метод во борбата со лажните вести, што се генерален проблем не се само кај нас, туку насекаде во светот.
„Одлуките што ги засноваме не се засноваат на политика, се што правиме е прво на експертска анализа, па после некој друг одлучува. Сега не е време за политика“, заклучува Манчевски.