Манчини: Би било одлично да ја освоиме Лигата на нациите по Европското

од Vladimir Zorba
376 прегледи

Селекторот на Италија, Роберто Манчини, ги прокоментира претстојните натпревари во Лигата на нациите. „Азурите“ утре ќе се соочат со Шпанија во едно од полуфиналињата, а в четврток е другиот судир за место во финалето помеѓу Белгија и Франција. Последната фаза на турнирот се одржува во Италија. Екипата на Манчини, која летово триумфираше на ЕП 2020, се наоѓа во одлична серија од 36 последователни натпревари без пораз.

„Шпанија е селекцијата против која ни беше најтешко на Европското првенство. Ќе биде добар натпревар. Сакаат да играат со топка. Би било одлично да ја освоиме Лигата на нации по Европското првенство и ќе биде неверојатно да се пласираме рано на СП, но нема да биде лесно“, изјави Манчини.

Селекторот зборува и за тоа што значи титулата европски шампион. „Беше одлично затоа што направивме многу луѓе среќни, млади и стари. Навивачите беа среќни и ние играме за да се забавуваме. Тоа беше прекрасно време. Најдоброто нешто од Европското? Веројатно односот што го создадовме во тимот. Оваа група работеше заедно 50 дена. Имаше тешки, напорни денови, но немаше проблеми“.

„Има само еден начин да се победи. Не само со добро играње. Се разбира, ако победите со добра игра, тоа е уште подобро. Визијата за италијанскиот тим се смени, но не можеме да заборавиме дека сме земја која четири пати го освои Светското првенство. Сега сме европски шампиони и имаме сериозна историја“.

Слични содржини