ИТАЛИЈА го загуби првото место во последното коло од квалификациите и пласман на Мундијалот ќе мора да го бара преку бараж.
Италијанците во минатото коло одиграа без голови во Северна Ирска, а Швајцарците застанаа на чело по победата од 4-0 против Бугарија. По киксот, италијанскиот селектор Роберто Манчини ја смируваше нацијата.
„Ќе се пласираме на Светското првенство преку бараж во март, а потоа можеби ќе станеме и светски шампиони. Сигурен сум… Ги контролираме натпреварите, но ни недостигаат голови. И на овој натпревар моравме рано да постигнеме гол. Штета, моравме да го обезбедиме порано првото место. Требаше да ја победиме Бугарија и промашивме два пенали против Швајцарија. Апсолутно сум сигурен дека одиме во Катар“, изјави Манчини.
Италијанците го пропуштија последното Светско првенство, а потоа го освоија Европското првенство летово.