Манџукиќ преговара со Милан

од Nikola Popovski

Милан сериозно работи на нови засилувања. Италијанскиот гигант се врати во самиот врв на Серија А оваа година и иако малкумина очекуваа борба за титулата, Милан е прв со три бода повеќе од вториот Интер, а исто така ќе играат шеснаесетто финале против Црвена звезда во Лигата на Европа.

Затоа од клубот работат на засилувања за двата фронта, бидејќи потребна му е поддршка од Златан Ибрахимовиќ. Затоа, Стефано Пиоли го одбра Марио Манџукиќ. Тој е слободен играч и тоа е првиот адут за преговори, иако неговите финансиски барања сигурно ќе бидат сериозни.

Тој го раскина договорот со Ал Духаил, а неговото искуство може да биде драгоцено во Серија А, и веројатно нема да има проблем да ги дели минутите и да биде опција Б за Ибра.

Италијанските медиуми пренесуваат и дека Милан ќе се обиде да го донесе Суали Меите од Торино на позајмица со опција за откуп.

Заемот би вредел милион евра, Торино би добил уште седум или осум доколку Милан се реши да го купи 22-годишниот играч за врска.

Слични содржини