326
Поранешниот напаѓач на хрватската фудбалска репрезентација Марио Манџукиќ (34) реши да се откаже од платата за месец март во италијанскиот гигант Милан, бидејќи не можеше да игра поради повреда.
Манџукиќ пристигна во Милано во јануари, потпишувајќи шестмесечен договор, а беше надвор од терените два месеци поради повредата што ја заработи на крајот на февруари.
„Таквиот потег ја покажува само етиката и професионалноста на Манџукиќ“, рече претседателот на клубот, Паоло Скарони.
Според италијанските медиуми, платата на Манџукиќ во Милано е 300.000 евра, а Милан одлучи да ја донира во фондација која охрабрува проекти кои им помагаат на ранливите млади луѓе и од социо-економски и од образовен аспект.