Мане гради болница во родниот град каде ќе се лекуваат заразени од коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska

Sвездата на Ливерпул, Садио Мане финансира изградба на голема болница во неговиот роден град Бамбали, Сенегал каде е планирано да се лекуваат заразени и од коронавирусот.

Бјорн Беземер, агент на фудбалерот од Сенегал, за локалните медиуми потврди дека на барање на Мане веќе започнала изградбата на болницата, додавајќи дека цената ќе биде околу 3,5 милиони американски долари, и дека сите ќе бидат покриени од еден од најдобрите фудбалери на денешницата.

Тој посочи дека тие побарале забрзување на изградбата на болницата за да можат да се лекуваат лица со коронавирус во неа.

„Садио Мане сака да го модернизира местото во кое е роден. Тој претходно таму изгради средно училиште“, рече Беземер, додавајќи дека Мане е на секој начин гордост на родниот град и на целата земја.

Тој додаде дека болницата, откако ќе заврши, ќе обезбеди услуги за граѓаните од поширокиот регион.

Напаѓачот на „црвените“ исто така неодамна донираше значителна сума пари на својата земја за да помогне во борбата против ширењето на „КОВИД-19“.

Слични содржини