Мане и Де Лихт со деби голови за Баерн

од Vladimir Zorba
186 прегледи

Баерн (Минхен) започна убедливо со своите контроли на турнејата низ САД.

Германскиот првак ја совлада екипата на Ди Си Јунајтед со 6:2. Натпреварот се одигра на стадионот „Ауди Филд“ во Вашингтон и ќе се памети по деби головите на новите засилувања на Баварците – Садио Мане и Матијас де Лихт.

Така Баерн може да биде задоволен од она што беше прикажано во нивната прва летна контролна.

Сепак, следниот натпревар на Баварците ќе биде многу посериозен бидејќи за три дена ќе се сретнат со Манчестер Сити.

Слични содржини