233
Една од ѕвездите на Ливерпул, Садио Мане, зборуваше пред натпреварот помеѓу „црвените“ и Манчестер Јунајтед. Сенегалецот изјави дека „црвените ѓаволи“ се еден од најдобрите тимови во светот, но додаде дека неговиот тим успеал да ги победи сите.
„Нема да биде лесно, но како што секогаш кажувам, можеме да го победиме секој ривал“, рече Сенегалецот.
„Искрено, Јунајтед е еден од најдобрите тимови во Англија, се разбира, и во светот, но и ние сме исто“, додаде Мане.
„Секој фудбалер има сон да игра на слични натпревари“, заклучи офанзивниот фудбалер на „црвените“.
Во сабота во 13:30 часот, Манчестер Јунајтед го пречекува Ливерпул во судир во англиската Премиер лига.