Манекенката Елизабетa Каналис се пофали дека ја примила вакцината против коронавирусот во Лос Анџелес, преку ред, а за сето ова отворено напишала на социјалните мрежи. Бидејќи не припаѓа на ниту една ризична група, таа предизвика гнев кај јавноста.
– Благодарна сум на оваа земја што ми даде можност да се вакцинирам. Следната недела конечно ќе можам да ја гушнам мајка ми, која би сакала да биде сега на моето место – напиша Каналис и откри дека сега конечно може да планира патување во нејзината родна Италија.
Таа ја прими вакцината во Лос Анџелес, а отворено објави сè на социјалните мрежи. Бидејќи не припаѓа на ниту една ризична група, а со годините е далеку од возрасната граница на оние кои моментално се вакцинираат во САД, повеќето нејзини следбеници беа заинтересирани за тоа како успеала да го стори тоа.
Контроверзната манекенка, по бесните коментари со кои се соочи на Инстаграм, напиша дека нејзиното пилатес студио се наоѓа во истата деловна зграда како и одредени здравствени активности, и дека поради тоа, сите вработени во таа зграда ја примиле вакцината, но не ја придоби јавноста со ова оправдување.