Актуелно
Почетна / Сцена / Манекенка со Даунов синдром прошета на модната недела и ги воодушеви сите

Манекенка со Даунов синдром прошета на модната недела и ги воодушеви сите

Софија Јирау од Порторико стана вистинска модна сензација откако на почетокот на февруари се појави на модната недела во Њујорк.

Софија е родена со Даунов синдром, а во Њујорк за прв пат прошета на модна писта.

„Навистина добро се чувствувам. Сите ми ракоплескаа“, рекла Софија за People.

Софија има свој сопствен бренд по име Alavett. Продава разни модни додатоци, а сонот ѝ е да стане инспирација на сите слични на неа.

На Инстаграм ја следат повеќе од 80 илјади луѓе, а реакцијата на нејзиниот прв манекенски излет се фантастични.

„Прекрасна“, „Браво Софија“, „За тебе не постојат граници“, „Колку си убава“, „Горфа сум“, се само некои од коментарите.

loading...