Манекенки на возраст дефилираа во Сиднеј

од Vladimir Zorba
63 прегледи

Во австралискиот Сиднеј за време на модната недела (Mercedes-Benz Fashion Week Australia) на подиумот излегоа модели меѓу кои и 50, и 60-годишни. Манекенките на возраст учествуваа во церемонија на дизајнерот Томас Патик. На подиумот се искачија 50-годишната Ен Али, политичар, пејачката Сарша Симон и бегалка од Сиера Леоне Амина Конте-Бајдер.

На овој начин моделиерот сакаше да ги покаже различните типови убавина. “Ова е начин да бидат прикажани силните жени кои умеат да се претстават себе. За време на ревијата под името “Варијации” (Variations) беа собрани пари за хуманитарната организација “Бела лента” (White Ribbon), која се бори против семејното насилство.