Градот Скопје по 11-ти пат се придружи на здружението ПРВ ДО ВРВ во организацијата на најмасовната спортска манифестација на Водно. Со над 3000 учесници, професионални спортисти, рекреативци, планинари, велосипедисти, оваа година забележан е рекорден број на учесници.
Со стартот на велосипедистите од пред Музејот на Град Скопје, повеќе од илјада велосипедисти, во категорија на друмски велосипедизам, планински велосипедизам и возење електричен велосипед се натпреваруваа до врвот на Водно, а над 2.000 планинари со пешачење или планинско трчање ја завршија трката.
Град Скопје како и секоја година ја поддржува реализацијата на ПРВ ДО ВРВ како традиционален спортски настан, а по завршувањето на трките, на врвот на Водно се организира музичко забавен спектакл за сите спортисти и рекреативци.