Манолева: Договорени се алтернативни решенија за хируршките сали

од Vladimir Zorba
530 прегледи

Заменик-министерката здравство Маја Манолева денеска изјави дека на средба со директорите на клиниките и договориле за алтернативни решенија за хируршките сали кои изминатите денови не работат поради проблеми со компресорската станица и со инсталацијата за кислород.

– Се договоривме да отпочнат со работа сите хируршки клиники во Клиничкиот центар во операционите сали со користење на надворешни компресори и дополнително со садови со компримиран воздух. Се договоривме оперативниот план и редоследот на пациентите да се реализира согласно одлуката од страна на стручните колегиуми на секоја од клиниките во рамки на индивидуалните капацитети на секоја клиника, вели Манолева за Сител.

Слични содржини