Манолева: Родителите на Леонид не побарале мислење за негово лекување во домашните установи

од Nikola Popovski
356 прегледи

Треба да се испочитува здравствениот систем кој што го имаме, сите можности тука да се исцрпат и потоа да се упатуваат во странство. Да се предложи можеби до Собранието, измена на она што значи можност отколку да се исцрпат можностите тука, пациентите да се упатат за лекување и рехабилитација во странство, изјави денеска заменик-министерката за здравство, Маја Манолева.

За случајот со младиот Леонид Индов, заменик-министерката вели неговите родители немаат побарано мислење од соодветна институција за можноста или неможноста за завршување на лекувањето и рехабилитацијата во домашните установи.

-Треба да ја прегледаме целата медицинска документација, да го видиме клинички пациентот и потоа стручниот колегиум да каже дали има можност за продолжување на лекувањето во нашите институции. Заминувањето на детето во Австрија беше по барање на родителот, упатено до ЦУК, кој ја сподели информацијата до МВР, кажа Манолева во изјава за медиумите.

Вториот човек во ресорот здравство вели дека имала средба со родителите на Леонид околу тоа каков треба да биде патот на детето.

-Не е точно дека не сме се организирале и не сме овозможител ништо досега. Не можете да влијаете на ничија одлука да го бара она што смета дека е најдобро за некого. Ги поддржувам родителите и им стојам на располагање, кажа Манолева.

Слични содржини