Претседателството на МАНУ испрати свое соопштение до јавноста во кое го искоментираа новиот концепт во основното образование најавен од страна на Министерството за образование и наука.

Транспарентно, стручно и целисходно водење на сите реформи на образованието во нашата држава. Ова се термините по кои се води Македонската академиија на науките и уметностите.

Како што велат академиците треба да постои динамична рамнотежа меѓу математиката, природните и техничките науки, од една страна, и општествените и хуманистичките науки, вклучувајќи ги етиката и моралните вредности, од друга страна.

„Стандардизација на образовните системи и ставање акцент врз критериумите со коишто се мерат резултатите и успехот во образованието, при што критериумите за отчетност се базираат врз тестови, што е тесно поврзано со наградувањето и казнувањето на наставниците и училиштата;
поттикнување на државите да се фокусираат кон наставните програми за математика, природни и технички науки, и кон основна писменост, за сметка на пошироките форми на либерални уметности и прогресивните форми на наставни програми, реализација на наставата и учењето; трансформација на образованиот систем заснован врз менаџерски модели увезени од бизнис-секторот, при што моделите се водени од пазарните пристапи кои го привилегираат максимизирањето на ефикасноста, профитот и конкуренцијата, наспроти целите кои го промовираат човековиот развој и зајакнувањето на демократските општествени односи“, се вели во соопштението од МАНУ.

Слични содржини