Македонската акдемија на науките и уметностите во реално време, објави „бројчаник за јавниот долг“. Преку овој бројчаник достапен во секој момент за јавноста, може да се следи состојбата со јавниот долг, заголемувањето или намалувањето во секоја секунда.
Според податоци на МАНУ, јавниот долг изнесува 49,18 проценти од БДП. Секој граѓанин должи повеќе од 2000 евра а дневната камата за долгот изнесува над 380 илјади евра.
