Францускиот премиер Мануел Валс денеска ќе ја соопшти својата намера да се кандидира за претседателските избори во 2017 година, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на информации од неговиот кабинет.
Премиерот во 18,30 часот ќе даде изјава во општината во Еври, предградие на Париз, каде беше градоначалник.
Според една анкета на Францускиот институт за проучување на јавното мислење токму премиерот ќе биде најпопуларниот кандидат на социјалистите, ако се вклучи во првичните избори.
За него се подготвени да гласаат 45% од левичарските гласачи. Изборот на кандидат на левицата во Франција ќе се одржи во почетокот на јануари. Досега двајца кандидати изјасниле отворена подготвеност за учество во првичните избори – поранешните министри Арно Монтебур и Беноа Амон кои поднесоа оставка од владата на Валс поради принципиелни несогласувања со претседателот Франсоа Оланд и премиерот. Претседтелотѕ пак изјави оваа недела дека нема да се кандидира повторно за функцијата. Тој е и првиот актуелен претседател во поновата историја на Франција, кој не се кандидира за втор мандат. Причина за одбивањето од нов мандат е рекордно ниската популарност на Оланд. Во почетокот на ноември едвај 11% ја оценуваат позитивно неговата работа, а 87% – се против него. / ТАСС