Манзано: Белингем беше агресивен

од Nikola Popovski
197 прегледи

Вистински хаос предизвика синоќешната одлука на судијата Хил Манзано да свирне крај на натпреварот помеѓу Валенсија и Реал Мадрид, токму во моментот кога „кралевите“ ја завршуваа последната акција, при која Џуд Белингам постигна гол. Голот беше поништен бидејќи Манцано означи крај само секунда претходно.

Сето тоа донесе тензија на теренот, а Џуд Белингем доби директен црвен картон.

Во официјалниот записник по натпреварот, судијата објаснил зошто му доделил црвен картон на англискиот репрезентативец.

„По натпреварот, додека сè уште бевме на теренот, до мене дојде играчот со број 5, Џуд Белингем и се однесуваше агресивно. Во неколку наврати ми повторуваше: „Тоа е гол“, се вели во записникот на Манзано, кој го пренесуваат шпанските медиуми.

Натпреварот заврши 2-2, иако Валенсија водеше 2-0 уште по првиот дел.

Слични содржини