Ужасната сапуница доби нова епизода по смртта на Диего Марадона, а легендарниот ас наводно ги исклучил својата долгогодишна сопруга Клаудија и ќерките што ги доби со неа – Далма и Џанина.
Најновите информации во врска со заминувањето на еден од најдобрите во историјата на фудбалот ги пренесува „Кларин“, аргентински медиум, кој прв извести дека Ел Пибе починал на 25 ноември.
Марадона ја исклучи својата поранешна сопруга Клаудија Вилафане, со која беше во брак 24 години, и споменатите ќерки од тестаментот поради конфликтот со Клаудија, а одлуката ја донел за време на престојот во Дубаи.
Проблемот настанал кога легендарниот Аргентинец открил дека шест милиони долари му недостасуваат од неговата сметка, односно дека му недостасуваат и точно 458 сувенири собрани во текот на неговата кариера.
Поради тоа, тој дури поднел и тужба, случајот бил на суд со години, а ќерките ги исклучил од наследството затоа што во тој случај биле со нивната мајка.
Патем, вкупното богатство на Марадона се проценува на околу 75 милиони долари, а сигурно е дека сепак ќе се случат непријатни ситуации меѓу наследниците.
Зад славниот ас, покрај фудбалското богатство, има и недвижнини во Буенос Аирес, автомобили, фабрика, хотел и бројни други вредности низ Аргентина, но и Венецуела, Кина, Белорусија и Дубаи.