Марадона хранел и издржувал 50 семејства

од Nikola Popovski

Диего Марадона потрошил милиони аргентински пезоси месечно за да им помогне на семејствата кои биле поврзани со него, објавија аргентинските медиуми.

Станува збор за семејства чии членови биле придружувани од него, како личен персонал, домаќинки, возачи и др.

Фудбалската легенда почина во ноември на 61-годишна возраст по срцев удар во неговиот дом во Аргентина.

„Десет милиони пезоси. Самиот тој ова многу пати го кажа: Хранам 50 семејства, обезбедувам 50 семејства. Семејства кои го опфаќаат неговиот придружник, вработени и структури во Аргентина и во странство“, изјавил новинарот Хорхе Риал, покажувајќи документација во емисија на аргентинската ТВ „Америка“.

„Зошто е важна оваа бројка? Бидејќи, од сега па натаму, кој ќе ја плати? Кој ќе плати 10 милиони, овие луѓе остануваат без пари“, изјавил Риал покажувајќи ги трошоците на Марадона. Засега сметките на Марадона се во рацете на аргентинската даночна администрација, пишуваат медиумите.

Деновиве тие пишуваат и за борбата за неговото наследство, која, како што објави римска „Ла Република“, се проценува на околу 100 милиони долари, на сметки во Монако, Дубаи, Синалоа, Минск и Хавана.

Слични содржини