Марадона може да биде ексхумиран: Диего имал последна желба

од Vladimir Zorba
529 прегледи

Аргентинската легенда Диего Армандо Марадона напишал писмо еден месец пред неговата смрт и побарал јавно да биде изложен, а се верува дека Владимир Илич Ленин служел како инспирација за таквата идеја.

Марадона почина на 25 ноември од последици од срцев удар на 60-годишна возраст, а неговата смрт го потресе светот на фудбалот и воопшто на спортот.

Ел Пибе наводно го напишал писмото, а оваа желба била дел од тоа писмо, за кое знаел Матијас Морија, адвокатот на Марадона.

Диего сакал неговото тело, сега закопано на гробиштата Буел Виста во Буенос Аирес, да биде изложено во отворен ковчег заедно со дел од трофеите што ги освои за време на неговата богата и шарена кариера.

Затоа странските медиуми пишуваат дека телото на Диего може да биде ексхумирано. Претходно беше напишано дека ексхумацијата ќе ја побара момче кое тврди дека е непризнат син на аргентинската легенда.

„После длабоко размислување, би сакал да изразам желба по мојата смрт, моето тело да биде заштитено и изложено во музеј. Би било опкружено со моите најголеми трофеи, лични предмети, за луѓето да продолжат да ме сакаат“, напишал Марадона на 13 октомври.

Вероника Охеда, поранешна партнерка на Марадона, рече дека треба да се изгради посебен мавзолеј каде што исто така може да доаѓаат фанови и да ја посетуваат починатата легенда.

„Тоа е нешто за што Марадона разговараше со неговите браќа. Предлогот што го имаме е сериозен, конкретен и трошоците се покриени. Но, на крајот, одговорноста ќе биде на Фудбалскиот сојуз на Аргентина“, рече Вероника.

Да потсетиме, Марадона беше во болница неколку недели пред смртта поради операција на главата и се чинеше дека се опоравува.

Случајот ги загрижи навивачите и обожавателите на поранешниот аргентински фудбалер, кој на крајот сепак не се справи со општо лошата здравствена состојба во која се наоѓаше пред години.

Слични содржини