Марадона на наследниците им остави милионски долг

од Stefanija Kuzmanovska
246 прегледи

Легендарниот Диего Армандо Марадона остави огромен долг по неговата смрт.

Аргентинските медиуми наведуваат дека Марадона со години избегнувал да плаќа данок во Италија, додека тој беше играч на Наполи, а долгот на крајот достигнал неверојатни 26 милиони евра!

Таа бројка беше намалена, бидејќи адвокатите на Диего успеаја да отпишат 11 милиони евра.

Весникот „Инфобае“ наведува дека смртта на Марадона не ги откажала долговите, па тие им биле пренесени на неговите наследници, кои во последните недели се борат за наследството, што вклучува недвижнини, автомобили и накит.

Слични содржини