Диего Армандо Марадона, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, беше примен во болница недалеку од Буенос Аирес.
Аргентинецот, кој неодамна го прослави својот 60-ти роденден, беше хоспитализиран поради симптоми на депресија.
Тоа се случи само три дена откако го прослави својот роденден.
„Тој е многу тажен веќе една недела и одбива храна“, изјави извор за АП.
Личниот лекар на Марадона, Леополдо Луке, го однесе поранешниот фудбалер во болница во Ла Плата, околу 40 километри јужно од Буенос Аирес, за да изврши детални прегледи.
Тој минатиот петок наполни 60 години и тој ден се појави со тимот на Гимнасија, на натпреварот. Сепак, тој го напушти стадионот пред крајот на првото полувреме, што предизвика бројни шпекулации за неговото здравје.
Неговиот лекар Луке негираше дека Марадона е заразен со коронавирус, но потврди дека пациентот се изолирал дома откако дознал дека еден од соработниците бил позитивен на тестот.