Мараја Кери пак се спрема за свадба и тргна во лов на прстен

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Мараја Кери се раздели со нејзиниот вереник – милијардерот Џејмс Пакер (49) пред помалку од 6 месеци, но веќе се подготвува повторно да организира свадба. Блиски до ѕвездата открија пред RadarOnline.com дека таа постојано повторува колку сака да го направи 33-годишното момче Брајан Танака свој сопруг.

“Мараја не престанува да зборува за брак и деца и е целосно полудена по тој маж. Таа е убедена дека тој е Единствениот “, коментира блиска до пејачката пред медиумите. Танака исто изгледал многу вљубено и ни најмалку не се срами од возрасната разлика од 13 години.

“Брајан исто изгледа многу се залетал по Мараја. Двајцата се убедени дека се еден за друг “, додаде друг извор од опкружувањето на Мараја.

Од бракот со Ник Кенон (35) Кери ги има 5-годишните близнаци Мароко и Монро. Децата веќе го познаваат новото момче на мајка си, а Мараја дури го сретнала Брајан со поранешниот сопруг, кој ја одобрил врската.

“Сите се откажаа да ѝ даваат совети на Мараја, бидејќи таа така и не слуша никого. Толку е вљубена што дури веќе разгледува веренички прстени “, призна пријател на дивата.