Мареј навести пензија: Сè уште го сакам тенисот, но се потешко е да се натпреварувам со младите

од Vladimir Zorba
251 прегледи

Британецот Енди Мареј во Дубаи изјави дека се уште го сака тенисот, но навести дека влегува во „последните неколку месеци“ од кариерата, пренесува АП.

Мари вчера во првото коло на АТП турнирот во Дубаи го совлада Канаѓанецот Денис Шаповалов со 4:6, 7:6 (7:5), 6:3. Британскиот тенисер со триумфот против Шаповалов стигна до 500. победа во кариерата на тврда подлога.

„Сè уште сакам да се натпреварувам и сè уште го сакам тенисот, но како што старееш станува се потешко да се натпреваруваш со млади играчи и да останеш во форма. Веројатно немам многу време, но ќе дадам се од себе во последните неколку месеци“, рече Мари.

Слични содржини