Мареј не сакаше да открие дали ќе ја продолжи соработката со Ѓоковиќ

од Vladimir Zorba
61 прегледи

Британецот Енди Мареј денеска не сакаше да открие дали ќе ја продолжи соработката со Новак Ѓоковиќ, откако српскиот тенисер го заврши учеството на Австралија опен во Мелбурн со предавање на полуфиналниот меч.

Поради повреда, откако го загуби првиот сет со 5:7 во тај-брејк, Ѓоковиќ му го предаде полуфиналниот меч на Германецот Александар Зверев.

Мареј и Ѓоковиќ претходно најавија дека ќе соработуваат на Австралија опен и дека по турнирот ќе одлучат за понатамошна соработка, а Британецот сега се задржа на тоа.

„Новак и јас се договоривме да разговараме по турнирот и ќе го направиме тоа“, изјави Мареј, пренесе Би-би-си.

Ѓоковиќ на прес-конференцијата по натпреварот рече дека и двајцата треба да се оладат пред да разговараат за понатамошна соработка.

„Сè уште сме со жешки глави и разочарани и тешко е да продолжиме понатаму и да почнеме да зборуваме за следните чекори. И двајцата сме разочарани од она што се случи и не сме разговарале за иднината. Дефинитивно ќе разговарам со Енди и му благодарам што беше тука со мене“, рече тој.

„Ќе му дадам повратна информација, која е позитивна, ќе видиме што мисли и ќе го направиме следниот чекор“, додаде Ѓоковиќ.

Слични содржини