14
Британскиот тренер Енди Мареј изјави дека неговата цел е да му помогне на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ да стане најголемиот спортист на сите времиња, пишува денеска „Дејли мејл“.
Ѓоковиќ го назначи Мареј за нов тренер на крајот на ноември. Тие двајца ќе соработуваат за прв пат на Австралија опен.
„Во последните неколку години, Новак се зацврсти како најдобар тенисер на сите времиња со рекордите што ги постигна. Во следните неколку години, ако може да освои повеќе Гренd слемови како 38, 39-годишен, да ги победи Карлос Алкараз и Јаник Синер во големи натпревари, тој има право да биде најголемиот спортист на сите времиња и тоа е возбудливо за mene и неговиот тим“, рече Мареј