Британскиот тенисер Џејми Мареј го коментираше фактот дека Новак Ѓоковиќ доби медицинско ослободување за настап на првиот Гренд слем во новата сезона – Австралија Опен.
Братот на Енди Мареј смета дека одлуката на организаторите немаше да биде иста доколку некој друг, на пример тој, поднесеше такво барање.
Во моментов, 19-от дабл играч во светот смета дека клучна била популарноста на Србинот и освојувач на девет трофеи на Австралија Опен.
– Да бев јас тој што не беше вакциниран, не верувам дека ќе добиев ослободување. Секоја чест што го доби“, рече Мареј.
Да потсетиме, првиот рекет во светот ја брани шампионската титула на турнирот што ќе се игра од 17 до 30 јануари.